Monday, October 26, 2009

Дебарско езеро

Дебарско езеро гледано од Броштица

Sunday, October 25, 2009

Убавините во моето село


Пролет во Броштица
Панорама на Ц.Жупа од с.Броштица

Водопадите на Стоговска река

Село Б Р О Ш Т И Ц А



ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА
Селото Броштица е во западниот дел на Р.Македонија,во составот на Општина Центар Жупа.
Од северозапад граничи со селата Оџовци и Бајрамовци,на југ до Вакоска корија а на исток границата оди по сртот на планината Стогово.
Од Морфоструктурален аспект територијата на селото припаѓа на Шарско-пиндската зона,на масивот Стогово.
Од релјефната структура доминира ридско планинско земјиште со макроформа на Бабин срт со височина од 2270м.н.в.(на Стогово).
Во регионот има умерено континентална клима при што за селото значи студена и влажна зима и суво и топло лето.
Сето наведено придонесува да овој регион има голема хетерогеност,во однос на застапени вегетациски и растителни типови и богатство од животински биоценози од групите на:водоземци,влечуги,цицачи,птици и инсекти и други групи кои во оделни биотипи чинат бројни асоцијации со богат спектар на единки.
Тука би ги издвоила:Дабовата шума која е стара 100 години,Водопадите на Стоговска река,Мечката,Ризот,Јастребот,Орелот,и др.
Исто така тука треба да се спомене селската џамија,стара повеќе стотици години (сега обновена) и црквата св.Димитрија(сакрален објект,изграден 1886 година).
Во селото живеат околу 250 домаќинства,со над 1000 жители,каде што поголемиот дел се занимаваат со печалбарство(над 300 жители се на привремен престој и работа во Италија,Словенија и Германија) додека мал дел се занимаваат со земјоделство и сточарсатво.
Во селото има основно училиште во кое учат околу 130 ученици од прво до девето одделение,има селска амбуланта,продавници,селско игралиште и др.
Со административниот центар,Општина Центар Жупа е поврзао со асфалтен пат во должина од 6.5км.


ИСТОРИЈА
По кажувањата на старите,селото е старо над 500 години.
Името го добило од тревката “Броштур“ која што населението ја користело како лековита билка.


ЛИЧНОСТИ
За годините наназат,карактеристични личности кој што треба да се споменат се учесниците во НОБ и првоборци,Рамиз Лимановски,Мусо Изеировски,Мусо Насуфоски и др.Селскиот кмет Асан Насипоски,доајенот на Македонската народна музика Кирил Манчевски и познатиот пеач на народни песни Екрем Зенуловски.


ИСЕЛЕНИШТВО
Друго карактеристично за селото е тоа што од селото се имаат иселено голем број на домаќинства при што поголемиот број се иселени во Р.Турција во градот Истамбул а ги има над 1000 жители,додека помал дел се иселени во Србија и Бугарија.
Контакти има постојано,каде што можат да се издвојат честите посети на иселениците од Р.Турција.